Попладне нова рунда преговори во Пржино, ќе „падне“ ли договор?
Претставниците на четирите најголеми политички партии, потписнички на договорот од Пржино попладне ќе одржат нова средба во Пржино.
Тие ќе разговараат за прашања поврзани со избирачкиот список и за реформите во медиумите.
Се очекува на средбата да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Според разговорите од вчера избори би можело има во ноември, но претходно треба да се провери дали се исполнети сите услови, а проверка ќе се направи во август. Досега има мал напредок за медиумите и списокот со гласачи.
Во Пржино вчера се разговарало и за специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи за случаите Специјалното јавно обвинителство. Но, договор по ова прашање засега нема.
Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд вчера од Скопје си замина охрабрена дека има волја и дека брзо Македонија ќе излезе од политичката криза.
Претходно, германскиот пратеник Јоханес Хајндл рече дека излез од кризата мора да се најде пред летните одмори.
