Пописот е готов: Еве што беше скршено во Собранието пред гласањето за Буџетот!
Собраниските служби го завршија пописот на инвентарот во Собранието и денеска на редовната координација беа обелоденети штетите направени за време на инцидентите кои се случија во пленарната сала на Собранието на 24 декември, во очи на изгласувањето на Буџетот за 2013-та година.
Како што стои во соопштението, нанесена е поголема штета на севкупната техника која овозможува нормално функционирање и реализирање на една пленарна седница. Еве што е забележано во пописот при извршените вонредни сервисни активности: Во соопштението уште стои дека по завршувањето на сите вонредни сервисни активности извршено е комплетно тестирање на CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод и е направена поединечна контрола на работата на делегатските микрофони. При тоа е утврдено дека уште три делегатски микрофони не се во функција поради скинати контакти на Renk конекторите поради увртување на микрофоните. И овие три микрофони се сервисирани и по сервисирањето се тестирани и се во исправна и функционална состојба, посочуваат собраниските служби. На носењето на новиот буџет му претходеа повеќе инциденти. Повредени беа повеќе пратеници од опозицијата, а собранискиот спикер Трајко Вељаноски беше извлечен од салата од страна на собраниското обезбедување. Откако опозицијата и новинарите насилно беа отстранети од собраниската сала, со 65 гласа за и четири против беше изгласан новиот македонски Буџет.
Слично

