Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понудени 3.000 хотелски соби за украинските бегалци

Понудени 3.000 хотелски соби за украинските бегалци

Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) до Владата доставила листа на која понудени се близу 3.000 хотелски соби со 5.000-6.000 легла за украински бегалци.

Хотелиерите на охридско-струшката ривиера се подготвени да отстапат 30 отсто од своите капацитети за бегалците од Украина.

Од Хотелската асоцијација на Македонија велат дека украинските бегалци ќе плаќаат далеку помалку во однос на она што им се нуди во европските земји. Досега во Охридско-струшкиот Регион се сместени десетина семејства од Украина.

Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ, денеска рече дека украинските бегалци нема да влијаат на побарувачаката, бидејќи поради војната не се очекува туристички бум оваа сезона.

„Ќе има пореметување во ценовната политика, во бројот на странски гости. Очекуваме намален број гости од Полска, која граничи со Украина. Од Холандија ќе доаѓаат, но оние за мај веќе се одложени за еден месец подоцна. Не се знае дали ќе биде и тој термин на полетување, можно е повторно да се одложи“, вели Блажески.


Слично

Поврзани вести