Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понудата на Заев и СДСМ

Понудата на Заев и СДСМ
Враќање на средната класа, администрацијата нема да остане без работа, укинување на рамниот данок се само дел од мерките содржани во економската програма на СДСМ, која беше изгласана на вчерашниот 19-ти конгрес на партијата. Со оваа програма опозцијата ќе излезе на лседните избори закажани за 24 април догодина. „Административните службеници нема да бидат бркани од работа. Каде што има превработеност ќе има реорганизација по претходно направени анализи. Ќе ја зголемиме ефективноста и ефикасноста на јавната администрација. Ќе го искористиме тој потенцијалн на наши граѓани за успешна Македонија. Ќе воведеме флексибилно работно време и институции отворени за граѓаните до 20 часот, изјави Зоран Заев во обраќањето на Конгресот на СДСМ. Но, Заев најави и укинување на радиодифузната такса, како и враќање на ефтината струја. Во програмата е посочено дека ќе има повеќе мерки кои ќе се однесуваат за домашните компании. „Ќе се посветиме на развој на домашните мали и средни претпријатија и ќе ја зголемиме драстично државната помош за нив од 200 илјади евра, на 20 – 50 милиони евра. Ќе го поддржуваме приватниот сектор преку програми за сопствен бизнис. Ќе создадеме можност за основање посебен вид трговско друштво со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Ќе работиме на привлекување и на домашни, но и на реални странски инвестиции, изјави Заев. Но, најави и дека во првите 100 дена ќе биде подготвена детална анализа од вложувањата и придобивките од процесот на привлекување странски компании. Во однос на инфраструктурата, СДСМ ветува дека ќе се посвети на изгрaдба на автопатишта. Предвидуваме вложување во 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта,1000 километри локални патишта.Планираме модернизација и проширување на железничка инфраструктура во Република Македонија, брза пруга Табановце – Гевгелија.Предвидуваме приградски патнички сообраќај што ќе се состои од 4 краци во и околу Скопје, изјави Заев. Досегашната енергетска политика Заев ја оцени како погрешна со која Македонија е голем зависник од увоз на сите видови енергија, поради што граѓаните плаќаат скапа струја. Нјави оти СДСМ има конкретни планови за развој и работа на енергетските капацитети во земјава  со што ќе намалат трошоците за енергија во Македонија. „Македонското сонце да биде извор на енергија за секое домаќинство. Природениот гас да биде достапен во цела Македонија. Со изградба на магистрални гасоводи до сите урбани средини и со изградба на дистрибутивни мрежи ќе овозможиме користење на природениот гас, како евтин и еколошки енергенс за секого во земјава. Исклучените потрошувачи од системот за парно греење нема да бидат должни да плаќаат надоместоци за топлинска енергија, изјави Заев. Во однос на земјоделството СДСМ највива  ревизија на државно земјоделско земјиште и негова правилна распределба. „Повисоки и навремени субвенции. Ослободување на земјоделците од персоналниот данок. Еднаков третман при пензионирање за земјоделците. Зелена нафта како гориво за земјоделството. Земјоделскиот производ ќе има пласман по достоинствени цени, изјави Заев. Зголемување на платите на лекарите, преиспитување на проектот Скопје 2014 се само дел од ветувањата на опозцијата содржани во програмата. „Се обврзуваме на одговорна власт. Ќе обезбедиме да функционираат сите механизми со цел контрола врз власта. Граѓаните ќе знаат за што се трошат нивните пари, тие директно ќе учествуваат во одлуките. Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство, изјави Заев. ИЗБОРИ ЌЕ ИМА САМО АКО ИМА УСЛОВИ ТИЕ ДА БИДАТ СЛОБОДНИ И ФЕР Од Конгресот на партијата, Зоран Заев порача дека СДСМ ќе оди на избор само ако за тоа има услови тие да бидат фер, демократски и чисти. „Но избори ќе има само и единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чисти избори! На такви избори заедно со граѓаните ќе победиме! Да биде јасно и да нема дилеми, гласно укажувам: СДСМ заедно со коалициските партнери се подготвува за чист изборен процес на којшто ќе биде изразена слободната волја на граѓаните. Работиме на создавање услови за фер избори, однесувајки се трпеливо и грижливо кон  својата земја. Но СДСМ исто така цело време е подготвена и за заштита на интересите на граѓаните и на државата. Дополнително Заев додаде и дека власта се обидува да го одолговлечи преговарачкиот процес за исполнување на договорот од Пржино. „ Во финалето сме, финале што ги испраќа Никола Груевски и расипничката власт во историјата.Тоа веќе се случува. Да, го одолговлекуваат преговарачкиот процес. Пуста кожа мила им е, а извалкана до коска. Што да прават?! Им требаат нови криминални избори.  Но, кражба на уште едни избори нема да има.  Договор поради договор не е опција. Неопходен е беспрекорен предизборен и изборен процес. Нема бегање од Договорот од Пржино! Специјалното обвинителство е формирано, преодна влада е формирана, за неколку дена Никола Груевски заминува,“изјави Заев. С.Н.
Слично

Поврзани вести