Понта: Романија нема да влезе во еврозоната
Романија ќе го пропушти рокот за влез во еврозоната, одреден за 2015 година, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта, но даде дека државата и понатаму е посветена на воведување на еврото кога за тоа ќе бидат исполнети условите.
За да стане членка на еврозоната, држава мора да исполни пет критериуми меѓу кои и одржување буџетски дефицит на ниво под три отсто БДП како и ниска стапка на инфлација.
„Од голема важност е да се држиме до критериумите за пристапување, меѓу останатото оние за контрола на ифлацијата и буџетскиот дефицит“, нагласи романскиот премиер и додаде дека и понатаму ќе презема се поголеми напори за да се исполнат условите за воведување на еврото како што е потпишано во Договорот во Мастрихт.
Слично
