Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пониски сметки за парно пред почетокот на летото поради топлото време

Пониски сметки за парно пред почетокот на летото поради топлото време

Граѓаните кои се приклучени на топловодната мрежа за греење ќе платат пониски сметки пред почетокот на летото поради невообичаената клима со повисоки температури за ова време од годината.

За оние што се приклучени на централно греење од БЕГ велат дека топлото време ќе им донесе пониски израмнителни сметки. Разликата од прогнозираните авансни сметки и количината топлина која сега се испорачува ќе биде изранета во сметките за мај, јуни и јули.

„Висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од количината на испорачана топлинска енергија во согласност со надворешните временски услови“, велат од БЕГ за „Сител“.


Слично

Поврзани вести