Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пониски цени за 352 лека

Пониски цени за 352 лека
Вкупно 352 лека од пред два дена се со пониски цени. Од нив 218 се генерички, а 134 иновативни лекови и оригинатори, дел се за болничка употреба, а дел можат да се набават во аптеките, објави Министерството за здравство. „Ќе дојде до намалување на лековите за висок крвен притисок, аналгетици, антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни лекови, седативи, антиревматски, како и лекови кои делуваат на желудник и гастроинтестинален систем, имуносупресиви. Кај генеричките лекови просечното намалување изнесува околу 18,42 проценти“, соопштија од Министерството. Според пресметките, со новите цени, на годишно ниво ќе се заштедат над 3,2 милиони евра. Директната заштеда за граѓаните ќе биде околу 1,5 милиони евра, додека пониската цена на лековите за болниците ќе значи речиси 1, 7 милиони евра повеќе на годишно ниво. Веќе две години по ред, периодично во март и октомври има поевтинување на лековите, во согласност со новата методологија за пресметка на цените.  
Слично

Поврзани вести