Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поништени резултатите од референдумот во РС - не е во согласност со Уставот

Поништени резултатите од референдумот во РС - не е во согласност со Уставот

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за поништување на резултатите од референдумот одржан на 25 септември во Република Српска. 

Оваа одлука е со образложение дека не е во согласност со Уставот на БиХ.

Таа е донесена затоа што референдумот е реализиран врз основа на Одлуката за распишување на републики референдум од 15 јули за која Уставниот суд утврди дека не е во согласност со Уставот на БиХ и спротивно на налогот од Уставниот суд за Одлука за привремена мерка од 17 септември.

Судот утврди дека одлуката не е во согласност со Уставот на БиХ, затоа што за референдумското прашање веќе постои конечна и обврзувачка одлука на Уставниот суд и истата треба да се почитува од сите органи и институции на јавната власт. 

Во Република Српска е одржан рефендум, на кој граѓаните се изјаснија дека и во иднина ќе го прославуваат 9 јануари како Ден на РС.

Големо мнозинство од граѓаните на РС тогаш гласаа 9 јануари да остане Ден на РС. 

Комисијата за спроведување на референдумот соопшти дека на 71% од избирачките места, 99,8% од граѓаните гласале 9 јануари и во иднина да се одбележува како Ден на РС. Излезноста на околу 1,2 милиони гласачи изнесувала околу 60%. 



Слично

Поврзани вести