Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поништени повиците за набавка на трактори , имало злоупотреби

Поништени повиците за набавка на трактори , имало злоупотреби

Платежна агенција за Зелена Берза официјално потврди дека се поништени повиците за набавка на трактори и приклучна механизација од Програмата за рурален развој за 2025 година. Одлуката остави над 2.500 заинтересирани земјоделци во неизвесност, без можност да добијат финансиска поддршка за модернизација на земјоделските стопанства.

Директорката Даниела Иротова објаснила дека постапката е запрена поради констатирани злоупотреби, а официјално образложение ќе следува подоцна. Земјоделците и Националната земјоделска мрежа побараа итно известување и транспарентност за идните инвестиции и апликации, бидејќи веќе направиле трошоци за подготовка на документацијата.

Повиците предвидуваа финансиска поддршка до 10.000 евра за поединечен корисник, за набавка на трактори и приклучна механизација, со цел модернизација и повисока ефикасност во обработката на земјоделските површини. Последната распределба на финансиска поддршка се случи во 2023 година, кога беа доделени решенија за 730 земјоделци.

Дополнително, земјоделскиот сектор е погоден од стопирањето на ИПАРД 3 програмата поради корупциски скандал со екс директорот на Платежната агенција, а од Европската комисија сè уште нема конкретни рокови за продолжување на исплатите. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави дека ќе продолжи со напори за забрзано разгледување на извештајот во Брисел, известуваат од Зелена Берза.мк


Слично

Поврзани вести