Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ: Владата се испишмани за новиот мебел

ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ: Владата се испишмани за новиот мебел

По вчерашниот повик на Службата за општи и заеднички (СОЗР) на Владата на РМ, во кој се бараат понуди за набавка на мебел во стилот на времето на Луј XV за владината зграда, од Владата денеска излегоа со демант на барањето и наложија тендерот да биде поништен.

Наводно, Владата не била информирана за огласот за набавка на мебел, а службата на своја рака без консултација го објавила тендерот.

-Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка, се вели во соопштението на Владата.

Инаку, вчера на страната на Бирото за јавни набавки беше објавен оглас за набавка на мебел за опремување на Владата во вредност од 52.000 евра.

Според тендерската спецификација како мебел за одмор требаше да се набави маса во стилот на Луј XV, столови од 30-тите години, пердуви, фотелји тапацирани во боја на „кралско“ вино и рачно ткаени килими од 100 отсто волна.

Слично

Поврзани вести