Економија, финансии, бизнис

Контакт

Понеделник неработен за Бошњаците – еве ги сите неработни денови до крајот на годината

Понеделник неработен за Бошњаците – еве ги сите неработни денови до крајот на годината

28 септември, понеделник е неработен за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ, кога е Меѓународниот ден на Бошњаците.

Денес муслиманите ширум светот го празнуваат Курбан Бајрам, поради што овој ден за нив е неработен.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) до крајот 2015 година неработни денови остануваат уште неколку:

За сите граѓани на РМ

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден

• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (вторник), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци

• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам -ДЕНЕС

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Слично

Поврзани вести