ПОНЕДЕЛНИК – Ден на жалост за смртта на загинатите пилоти
Заради трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи понеделник, 14.07.2014 година, да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
Мицев, Трајковиќ, Орешков и Лопатички го загубија животот кога полицискиот хеликоптер МИ-17 со кој управуваа се урна во близина на Кванташкиот пазар во Струмица.
Јавното обвинителство ќе ја води комисијата за истрага на хеликоптерската несреќа
Слично
