ПОНЕДЕЛНИК - ДЕН НА ЖАЛОСТ, УЖИНЦЕ ТАГУВА ПО МЛАДИТЕ МОМЧИЊА, трагично ги изгубија животите по забава, најмладиот на 19 години
Во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Ужице - Златибор загинаа Владимир Милошевиќ (27), Урош Дрчелиќ (22), Стефан Џаловиќ (21) и Никола Даничиќ (19).
- Ужице од утрово е обвиен во црно. Ужице остана без четворица млади сограѓани: Стефан Џавовиќ (21), Урош Дрчелиќ (22) и Владимир Милошевиќ (27) и Никола Даничиќ (19). Почивајте во мир. Сочувство до семејствата - стои во написот на огласната табла на Ужице на социјалната мрежа Фејсбук.
По повод трагичната смрт на четворица млади во Ужице, во тој град е прогласен Ден на жалост за 12 септември, пренесуваат српските медиуми.
Да потсетиме, рано утринава на патот Ужице – Златибор се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија тројца млади момчиња, додека четвртиот им подлегнал на повредите во болница.
Сите четворица биле во едно возило - со словенечки регистерски таблички, кое утринава во 5:30 излегло од патот.
Фото: Принскрин/Фејсбук
