Понатамошен пад на цените на нафтата поради слаба побарувачка и големи залихи
Цените на нафтите продолжиле да паѓаат, бидејќи слабата глобална побарувачка и прекумерени залихи ги диктираат ценовниот тренд на таа сировина, наведуваат аналитичари.
Барел на американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во февруари поефтинил на меркантилната берза во Њујорк од 1,26 долари на 47,43 долари, додека барел на северноморската нафта од типот „брент“ за февруарската испорака на пазарите во Лондон поефтиниле шест центи на 48,78 долари, пренесува афенцијата Франс прес.
Не воочуваме никаков краткорочен двигател кој би го променил односот на залихите и пазарот - се наведува во коментарот на американската рејтинг агенција „Мудис“, и се додава дека преполовените цени на нафтата од јуни минатата година до денес всушност се последица на американското производство на нафта, забавениот раст на светската побарувачка и одлука на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта да го задржат постоечкото ниво на производство.
„Мудис“, исто така ги намали своите прогнози на цените на „брентот“ за оваа година на 55 долари за барел, а во 2016 на 65 долари, додека за тексашката нафта (WTI) прогнозира цена од 52 долари за барел, односно од 62 долари за барел во 2016 година.
Слично
