Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМПЕЗНО НАЈАВЕНИ: Капиталните инвестиции лани завршија неславно!

ПОМПЕЗНО НАЈАВЕНИ: Капиталните инвестиции лани завршија неславно!

Помпезно најавени, капиталните инвестиции и лани завршија неславно

Од планирани 363,1 милиони евра, минатата година Владата реализирала само 276 милиони евра капитални инвестиции. Поточно релизацијата е потфрлила за 24 отсто. Ако се има во предвид дека оваа ставка беше мета за кратење при двата ребаланси на Буџетот во минатата година, тогаш реализиацијата е уште помала. Дел од економистите посочуваат дека за да се реализираат високите суми на планирани капитални трошоци што се најавуваат при секое проектирање на нов Буџет, потребно е да се зголемат приходите во буџетската каса. 

„Стапката за капитални расходи е секогаш интересна за анализа, оти секогаш секоја година помпезно се најавува висока сума на крајот овие расходи завршуваат неславно. Ако го анализираме и претходните години, се забележува дека никогаш до крај не бил исполнуван планот за капиталните трошоци.Во најдобрите години таа реализација била нешто повеќе од 70 проценти но имало години кога било полошо и од 2016-та година. Не знам зошто се секогаш се кажува дека ќе бидат искриски највисоки кога оние кои го планираат буџетот знаат дека тоа не можат да го остварат, а причината е тоа што приходната страна на буџетот е слаба. За да може да имаме толкави капитални расходи ние мора да имаме големи буџетски приходи, а тоа еве со години наназад не може да се остварат, “ вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници. 

Минатата година поради двата ребаланса, капиталните трошоци беа два пати намалени. Првичното, со Буџетот за 2016 година, се планираа 412 милиони евра. потоа со првиот ребаланс се намалија на 366,6 милиони евра, па со вториот дополнително се намалија на 363 милиони евра.

„Ние во годините наназад секогаш кажуваме дека кратењето се ефектуира врз капиталните инвестиции, односно секогаш кога кондицијата на буџетот не е таква каква што првично се планирало, секогаш не се кратат тековните трошоци од добро познати причини а се кратат капиталните трошоци. Дополнително лани поминавме низ политички турбулентна година имавме техничка Влада, што беше и дополнителна причина зошто имаме потфрлување на капиталните инвестиции.Она што мислам дека треба да се направи е да се смени пристапот во програмирањето.Поточно, на почетокот на годината може да се знае кој е износот на реални капитални трошоци што може да се направат затоа што тоа е еден долг проектен циклус. Значи планирањето на капиталните проекти не е од денес за утре и затоа уште тогаш може да се има попрецизна слика колку може во текот на годината да се реализира. Значи зборувам за една промена во пристапот на програмирање и проектирање за да се избегне она што го гледавме години наназад на проектирање на едно повисоко ниво на капитални инвестиции а потоа потфрлување на тоа ниво. Во годините наназад често дебатиравме и за тоа дека квалитетот на тие инвестиции не е секогаш на ниво на кое што може да биде но во последните две три години имаме благо поместување на капитални инвестиции со поголема продуктивна вредност веројатно и со поголем фискален мултипликатор и според сите најави што ги слушавме во изборната кампања очекувам дека нивното дејство во идните годни ќе биде поголемо“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Од Министерството за финансии велат дека планот на три пати закажуваните избори ја забавиле реализацијата.

„Согласно препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата и Изборниот законик во предизборниот период има ограничување во извршување на набавки, што значително се одрази на динамиката на реализација на капиталните инвестции“, посочуваат од  Министерство за финансии.

Но, потфрлувањето на капиталните инвестиции не се случи само лани. Ако се анализира реализацијата на Буџетите последните пет години тогаш се забележува дека капиталните трошоците не се реализираат никогаш во целост. Еве што покажуваат податоците од Министерството за финансии

  План  Реализација

2011 год.  341,3милиони евра  287,9 милиони евра

2012 год.  348,5 милиони евра  304,9 милиони евра

2013 год.  327,7 милиони евра  270 милиони евра

2014 год.  342,8 милиони евра  286,5 милиони евра

2015 год.  361,5 милиони евра  303,5 милиони евра

И покрај потфрлувањата на капиталните расходи во изминатите години, повторно и оваа години со новиот Буџет е планирана висока сума за оваа ставка, односно за капитални инвестиции се предвидени 438,2 милиони евра.

Инаку според податоците од Министерството за финансии, реализиацијата на вкупните приходи во Буџетот за 2016-та година е 93 отсто од планираното. Во буџетската каса се собрале нешто повеќе од 2,7 милијарди евра, а беа планирани  2,8 милијарди евра.Стопроцентна реализација има кај даночните приходи од што во буџетската каса се слеале 2,4 милијарди евра.Благо потфрлување од шест отсто има кај приходите од ДДВ. На расходниот дел, податоците покажуваат дека Владата потрошила нешто помалку од она што планирала, односно скоро 3,1 милиони евра а планирала околу 3,2 милиони евра.Проектираниот дефицит од 376 милиони евра не е пробиен, односно за 12-те месеци од 2016 година  

Т.С


Слично

Поврзани вести