Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помошниот тренер на Албанија откри голем гест на српските фудбалери!

Помошниот тренер на Албанија откри голем гест на српските фудбалери!
Помошникот-тренер на албанската фудбалска репрезентација Паоло Трамецани за италијанските медиуми раскажал за своето искуство за време на инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во Белград. Вели дека е шокиран од настаните на стадионот на Партизан, но нагласува и дека неколку српски играчи се покажале во вистинско спортско светло и им помогнале на гостите во тешките моменти. „Неколку фудбалери на Србија, поточно Настасиќ, Кузмановиќ и Ивановиќ ни помогнаа да излеземе од стадионот. Беа многу вознемирени, можеби и повеќе од нас, а со тој потег покажаа големо почитување кон својот противник“, вели Трамецани. Тој нагласува дека буквално биле „заробеници“ во пресоблекувалната на стадионот до два часот наутро по инцидентот. „Играчите на Србија се истушираа и веќе си заминаа дома, но ние не можевме“, вели тој. Трамецани нагласува дека имале информации дека пред стадионот ги очекуваат разлутени српски навивачи, па неколку часа поминале во огромен страв. „Од моментот кога стигнавме во Белград знаевме дека тоа е меч со голем ризик. Но не можевме ниту да претпоставиме дека ќе не гаѓаат со камења, столици и шишиња. Хулигани не напаѓаа, а не знам зошто полицијата не не штитеше. Уште повеќе, некои од полицајците ги тепаа нашите играчи во тунелот“, раскажува Трамецани. УЕФА започна истрага за настаните на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, а одговорност ќе се бара кај двете страни. Кај српската заради пропусти во организација, пиротехнички средства и влез на навивачи на теренот, а кај албанската за недозволениот транспарент закачен на дрон, како и за одбивањето на албанските фудбалери да се вратат на теренот иако делегатот проценил дека има услови натпреварот на продолжи.
Слично

Поврзани вести