Помош при катастрофи само за сиромашните Бугари
Пари за поправка на домовите при катастрофи и елементарни непогоди, ќе добијат само семејствата кои живеат со помалку од 300 лева месечно.
Ова го предвидува бугарското Министерство за финансии и се смета дека овие граѓани поради малите приходи не можат да ги осигураат своите имоти. За оваа тема во Бугарија се говори од почетокот на годинава. По новите критериуми помош ќе добиваат само социјално слабите семејства.
Пред 4 години регионот на Перник го погоди земјотрес и во меѓувреме се санираат штетите и се поправаат куќите.
Слично
