Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМИРУВАЊЕТО ЗАДОЦНИ: Турција ја плаќа високата цена!

ПОМИРУВАЊЕТО ЗАДОЦНИ: Турција ја плаќа високата цена!

Бројот на странски туристи во Турција во август паднал за речиси 38 отсто, бидејќи туристичкиот сектор е потресен од неуспешниот воен пуч и терористички напади.

Околу 3,18 милиони туристи во август ја посетиле Турција, што е за 37,96 осто помалку во однос на август лани, покажуваат официјалните податоци на турското министерство за туризам.

Во јуни пак е регистриран најголем пад во доаѓањата на туристите од 40,86 отсто во однос на истиот период лани, додека во јули нивниот број е намален за 36,72 отсто.

Туристичкиот сектор во Турција и пред обидот за воен удар беше во проблеми поради низа терористички напади во привот квартал и самоубиствените напади на аеродромот во јуни во Истанбул кога загинаа 47 луѓе  и за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.

Турскиот сектор во туризмот лани приходувал 35,1 милијарда долари и имал дел во БДП на Турција од 4,4 отсто.

И покрај нормализацијата на односите со Москва во јуни и укинувањето на ембаргото на патувања, бројот на руски туристи минатиот месец е намален за 83,63 отсто во однос на лани.

Во август минатата година, во Турицја престојувале речиси 640 000 руски туристи, а оваа година само 105 000.

Бројот на германси туристи во Турција во агвуст паднал за 34,5 отсто, додека бројот на ирански туристи паднал за речиси 32 отсто.

Слично

Поврзани вести