Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМИНА ВОЗЕЊЕТО НА ПОЕВТИН ДИЗЕЛ, НОВ ШОК ЗА ВОЗАЧИТЕ - од ноќеска поскапува за 2,5 денари

ПОМИНА ВОЗЕЊЕТО НА ПОЕВТИН ДИЗЕЛ, НОВ ШОК ЗА ВОЗАЧИТЕ - од ноќеска поскапува за 2,5 денари

Тукушто возачите чии автомобили работат на дизел се израдуваа на низата поевтинуивања кои ги даде Регулаторната комисија за енергетика за тој енергенс, денеска од таа институција следува нов шок. 

Дизелот од ноќеска на полноќ  повторно поскапува и тоа за 2,5 денари, а нова повисока цена ќе има и екстралесното масло за загревање, и тоа за три денари.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 отсто во однос на одлуката од 12.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,078%,кај дизелот имазголемување за4,832%, кај екстра леснотомасло зголемување за 6,090% и кај мазутот намалувањетое за 0,313%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,282%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од17.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  76,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  78,50  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    80,50(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  78,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    39,370(денари/килограм)

Слично

Поврзани вести