Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помина 10-катницата на Водно – Шиповиќ „против“, ама обезбеди кворум

Помина 10-катницата на Водно – Шиповиќ „против“, ама обезбеди кворум
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, откако СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата, експресно ги изгласаа спорните урбанистички планови градска четврт-Капиштец и Тасино чешмиче – Водно, со кои се отвори пат за зголемување на катноста на хотелот што се гради во близина на некогашна „Панорама“. За ваквите промени гласаа присутните 11 советници на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, додека претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ се изјаснил „против“. Сепак, со своето присуство тој овозможи кворум за седницата, која ја напуштија советниците од неговата партија. Претходно, советниците на ВМРО-ДПМНЕ го повлекоа предлогот за промена на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, со кој ќе беше овозможена реконструкцијата на Градскиот трговски центар во барок-стил. На почетокот на седницата, Шиповиќ децидно не се изјасни дали ќе гласа „за“ или „против“ спорните урбанистички планови, но нагласи дека нема да дозволи да биде уценуван. „Сакам да нагласам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина  и на моето семејство да биде тема на политичко проофитерство, ниту на мојот СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Да ме интересираа пари, немаше да чекам осум месеци и да седам во притвор“, рече тој. Но, на гласањето не ја поддржа иницијативата на градоначалникот Андреј Жерновски за урбанистичките планови да се тргнат од дневен ред, а потоа и одби да ја напушти седницата заедно со останатите советници на СДСМ.  
Слично

Поврзани вести