Помилувањата на Иванов стигнаа во Кривичниот суд
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, попладнево се доставени сите одлуки за помилување – ослободување од гонење, од страна на Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Сите одлуки се приложени на запознавање и понатамошно постапување во судот. Со секоја одлука испратени се и решенија за конкретни предметни кои се водат пред овој суд, за кои се дозволува помилување – ослободување од гонење, кои се доставени до судиите надлежни за конкретните предмети кои треба да постапат по одлуката на претседателот на Република Македонија.
Слично
