Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поместувања во владатa, ДПА доаѓа на местото на ДУИ?

Поместувања во владатa, ДПА доаѓа на местото на ДУИ?
Демократската партија на Албанците (ДПА) есенва би можела да стане дел од Владата на премиерот Никола Груевски.Ова го најавува порталот на албански јазик Алмакос, повикувајќи се на на како што пишува, сигурни извори. Потралот тврди дека местото на ДУИ и Али Ахмети во Влада ќе годо заземе ДПА на Мендух Тачи. Заладени се односите меѓу ВМРО – ДПМНЕ – ДУИ, а големите разлики помеѓу коалиционерите даваат можност за Груевски да го преиспита своето владење со партијата на Али Ахмети, пишува порталот и додава дека воведувањето на ДПА во влада ќе помогне во демократизација на земјата, затоа што сега ДУИ веќе контролира повеќе општини на локално ниво. Повикувајќи се на анонимни извори за Алмакос причина за новата коалиција се и корупциските афери на некои од високите претставници на сегашната албанска партија на власт , како што е случајот со аферата „Телеком” и одржувањете на високи позиции во власта на лица за кои постои сомневање дека се лесно контролирани од страна на сомнителни кругови. Во моментов, Демократската Унија за Интеграција има 15 пратеници во Собранието на Република Македонија, од друга страна партијата на Мендух Тачи, има 8 пратеници. Партија на Никола Груевски брои 56 пратеници и со членовите ДПА може да се напарави реконфигурација на нов партнер на Владата, пишува порталот.
Слично

Поврзани вести