Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку туристи ја посетија Македонија во јануари

Помалку туристи ја посетија Македонија во јануари
Бројот на туристи во јануари се намалил за 2,9% во споредба со истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. За толку е намален и бројот на остварени ноќевања. Намалувањето се должи пред се на намалениот број на домашни туристи, иако одреден пад има и кај бројот на странските гости. Бројот на домашните туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,8 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 0,2 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 6,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за еден отсто. Во јануари годинава Македонија ја посетиле вкупно 30.836 туристи, а тие оствариле 65.019 ноќевања, односно во просек во земјава останувале по околу две ноќи. Ако се спореди со декември 2013 година, за еден месец бројот на туристи се намалил за 8,4%, додека бројот на ноќевања - за 5,8%.
Слично

Поврзани вести