Економија, финансии, бизнис

Контакт

НБРМ: Помалку странски инвестиции од лани

НБРМ: Помалку странски инвестиции од лани
Од јануари до август годинава во Македонија влегле странски директни инвестиции во вредност од 176,48 милиони евра, покажаа податоците на Народната банка. Во споредба со истиот период лани, регистриран е пад од 11,5 милиони евра. Тогаш во првите осум месеци од годината беа регистрирани инвестиции во вредност од 187,98 милиони евра. Повисоко салдо во истиот мерен период е прокнижено и во 2011, додека 2012 и 2010 година има  скоро двојно пониско ниво на инвестиции. Владата нуди серија погодности за странските инвеститори во обид да ги привлече - субвенции за плати, придонеси, царински ослободувања, но се нуди и  можност да се стекнат инветситорите со државјанство ако вложат над 400 илјади евра и вработат 10 илјади лица. Премиерот и министрите директно им се обраќаат на инвеститорите и преку роуд шоу посети во странските земји, каде организираат бизнис форуми. Со последните законски измени, изготвени на барање на странските инвеститори, државата им нуди и можност да го откупат земјиштето и фабриките во слободните зони.  
Слично

Поврзани вести