Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расте осигурителниот пазар во Македонија

Расте осигурителниот пазар во Македонија
Осигурителните компании во текот на 2013 година исплатиле бруто износ на штети од 2,96 милијарди денари (48,1 милиони евра), што во споредба со претходната 2012 година претставува намалување од 1,81 процент, информираше Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија. Во 2012 биле исплатени премии во висина од 3,01 милијарди денари. Но за разлика од 2012, во 2013 година граѓаните испратиле повеќе претставки до осигурителните компании - поднесени се 148 претставки, односно за 62 повеќе во однос на 2012, педесет проценти од нив се решени во корист на осигурениците. „ Тоа говори за фактот дека граѓаните стануваат се повеќе информирани за своите права и за начините за алтернативно решавање на споровите, преку кои ќе се избегнат долгите судски процедури“, рече Зоран Стојановски, член на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување. По две години прикажана загуба, ланската година осигурителниот сектор првпат ја завршил со добивка од нешто повеќе од 228 милиони денари. Според претседателот на Здружението за осигурување, Ило Ристовски, 2013 е година на раст за осигурителниот сектор во Македонија. Остварена е брутополисирана премијаво износ од 7,19 милијарди денари, што е за 2,60 проценти повеќе во однос на остварената во 2012 година, а во делот на осигурување за живот е забележан пораст од 21,96 проценти. „Македонскиот осигурителен пазар има огромен потенцијал за раст. Просечната премија по глава на жител во Македонија изнесува околу  57 евра, а со највисока премија по глава на жител   од опкружувањето  е Словенија со над 1.000 евра годишна премија, што е една половина од европскиот просек од 2.000 евра“, посочи  Ристовски. Од Здружението за осигурување очекуваат годинава да продолжи растот и тоа и во сегментот на осигурување на живот, како и кај неживотното осигурување.
Слично

Поврзани вести