Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Корона кризата си го зема данокот

ПОМАЛКУ РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Корона кризата си го зема данокот

Се намалува бројот на вработени во индустријата. Корона кризата си го зема данокот. 

Во декември минатата година во однос на истиот месец во 2019 година бројот на вработени е помал за 4,2 отсто. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември лани намалување на работниот кадар има во секторот рударство, преработувачката индустрија и во компаниите кои се занимаваат со дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Состојбата со бројот на вработени е речиси идентична и во периодот од јануари до декември лани, односно намалувањето на бројот на работници е за 4,6 отсто.

Се намалува и потрошувачката. Во трговијата на мало, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, намалување на прометот е забележан кај храната, пијалаците и тутунот номинално за 6,6 отсто, реално за 10 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести