Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку од половина од студентите се вработуваат во првите три години по завршување на факултет

Помалку од половина од студентите се вработуваат во првите три години по завршување на факултет
Министрите за образование и вработување од Југоисточна Европа и Турција како и високи претставници од Институции од Европската Унија, се сретнаa денеска во Тирана на конференција организирана од страна на Европската Фондација за Обука. Конференцијата беше одржана по повод завршувањето на проектот поддржан од Европската Унија, FRAME, кој имаше за цел анализа на можностите за развој на стратешките образовни вештини во 7 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Тоас е проект со кој се поддржаа националните реформски планови на одделни земји, се констатираа постигнувањата на земјите во однос на нивните визии и политики за вештини и за развојот, особено во однос на Стручното образование и обука, и се идентификува следните чекори со осврт на областите во кои е потребно подобрување. Според податоците изнесени на конференцијата, во Македонија само 3.6% од возрасните, во 2013 биле дел од процесот на образование за возрасни, за разлика од Европската Унија каде просекот е 10.7%. Со што се наметна заклучок дека, имајќи ги во предвид брзите промени во глобалната економија, обуката за возрасни ќе биде се поважна. Дополнително, само 44.7 проценти од димпломираните студенти (20-34 години) во Македонија се вработуваат во рок од 3 години по завршувањето на студиите (што е сосема спротивно во однос на просекот 74.8% на ЕУ – 27 земји членки). Ова подразбира и неусогласеност на вештините кои ги обезбедува македонскиот систем за образование и оние кои ги бара пазарот на трудот, па работодавачите често да не можат да најдат соодветни кандидати. Додека неодамнешната студија на Меѓународните трудови организации го потврдија постоењето на значителен број на висок образовани (18,9% од младите работници) паралелно со нискообразовани (14,3%) млади лица во Република Македонија, два феномени кои ги ослабуваат можностите во образованието и покажуваат неефикасно искористување на човечките ресурси. Во име на Европската комисија, Европската фондација за обука обезбеди поддршка на земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати во нивните напори да ги развијат вештините потребни за одржлив економски развој и да создадат социјална кохезија од среднорочна до долгорочна перспектива. Развојот на човечките ресурси треба да биде базиран на докази, како и на подобрена институционална и меѓуинституционална соработка, беше истакнато на конференцијата. Според најновите податоци на невработеност кај младите во Албанија бројката достигна 26%, во Црна Гора 41%, во Србија 46 %, во Македонија 54%, а во Босна и Херцеговина - 57%. На конференцијата беа воспставени релации помеѓу министрите за образование и вработување од Југоисточна Европа и Турција со политичките лидери од институциите на ЕУ и другите меѓународни организации, како и европските и регионалните социјални партнери заради размена на мислења и споделување на искуства во врска со нивните долгорочни визии за вештините и нивните напори за прилагодување на политиките за вештини и системите за развој на човечки ресурси. Европската Фондација за Обука како агенција на Европската Унија, поддржува 30 земји во областа на развојот на човечките ресурси преку развојот на системите за стручна и образовна обука.
Слично

Поврзани вести