Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку од половина од македонските компании воведуваат иновации

Помалку од половина од македонските компании воведуваат иновации
Само 42,8% од претпријатијата во Македонија спровеле некој тип на иновации во својата работа во периодот од 2010 до 2012 година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Дури 57,2% не се осмелиле тоа да го направат. Процентот е најголем кај големите компании, од кои иноватори се 75,8%, додека најмал е кај малите фирми - само 39,9%. По дејности, процентуално најголем број фирми кои воведуваат иновации има во секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување - дури 89,1%. Од вкупниот број на иновативни деловни субјекти, 24.7% имаат воведено иновација на производ и процес, 46.4% имаат воведено организациски и маркетинг иновации, а само 18.2% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.    
Слично

Поврзани вести