Економија, финансии, бизнис

Контакт

Помалку крузери во хрватските пристаништа

Помалку крузери во хрватските пристаништа

Во Хрватските пристаништа во јуни се закотвиле 10 одсто помалку странски крузери отколку во истиот месец минатата година, а во првите шест месеци оваа година забележан е пад од 13 одсто.

 Податоците на хрватскиот Завод за статистика покажува и дека, освен падот на бројот на крстаерења на странски бродови во Хрватска на тие бродови дошле и помалку патници отколку минатата година.

Само во јуни имало 107 крузери, што е за 12 помалку отколку во јуни минатата година, а на нив имало и 11 одсто помалку патници или 163.700, пренесуваат хрватските медиуми.

На ниво на првите шест месеци, патници имало 16 одсто помалку или 372.700, а во Хрватска дошле вкупно 166 крузери, што е 13 одсто помалку од минатата година.

Според знамињата на бродовите на крстарењата во Хрватска нема бројни промени во однос на минатите години, па во првите шест месеци оваа година најмбогу бродови биле под знамињата на Малта (56), Бахами (50), Панама (37) и Италија (36).

 
Слично

Поврзани вести