„ПОМАЛИ ШАНСИ ЗА ДЛАБОКА РЕЦЕСИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА“ - Отворен бизнис форумот Копаоник: Ризиците се уште постојат
- Шансите за голема и подлабока рецесија во еврозоната се значително намалени, прогнозата е дека Германија и Италија ќе имаат раст од 0,1 и 0,6 отсто - изјави денеска претседателот на Здружението на економисти Александар Влаховиќ, отворајќи го јубилејниот 30-ти Копаоник бизнис форум кој се одржува во соседна Србија.
На форумот, централна тема е економската отпорност во време на криза, клучни проблеми и предизвици.
- Минатата година растот на светската економија беше 3,4 отсто, годинава растот ќе се забави на 2,9. Иако инфлацијата е помала, побрзо се воспоставија светските трговски синџири, цените на енергенсите и годинава се стабилизираа. Така Америка ќе порасне за 1,4 отсто, Кина за 5,2 отсто, а Јапонија за 1,8 отсто. Инфлацијата во светот ќе падне од 8,8 на 6,6 проценти - процени Влаховиќ.
Влаховиќ дополни дека во време на геополитичка криза со сегашните ризици клучното прашање е дали економијата е отпорна на постоечки и надворешни шокови.
- Прогнозата дека воениот конфликт брзо ќе заврши беше погрешна. Според проценките, еврозоната остварила раст од 3,5 отсто, при што 2 од 4-те најголеми економии имаат двојно поголем раст. Просечниот раст годинава е проектиран на 0,7, и покрај таа 5 пати пониска стапка, сепак ова е позитивна вест. Значително се намалени шансите за длабока и долга рецесија, можна е техничка рецесија, плитка и кратка, пред се во Германија и Италија, но ќе имаат и благ раст - рече Влаховиќ.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/ Копаоник Бизнис форум