Полска притиска Македонија и Црна Гора да бидат поканети во НАТО во 2016-та
Поранешните југословенски републики Македонија и Црна Гора треба да бидат поканети да се приклучат на НАТО на следниот самит на Алијансата во Варшава, кој ќе се одржи во 2016 година. На ова инсистираше полскиот министер за одбрана Томаш Шемонак.
Ваквиот потег би можел дополнително да ги влоши тензиите меѓу НАТО и Русија, што и без тоа веќе е на високи нивоа покрај кризата во Украина.
"Би било одлична вест, ако поканите на Македонија и Црна Гора можат да бидат испратени од Варшава", коментира Шемонак на прес-конференција во Вроцлав.
"Се чини дека на самитот на НАТО во Варшава, ако биде лишен од овој елемент, нема да донесе целосно задоволство на многу земји, вклучувајќи ја и Полска", додал полскиот министер за одбрана.
Македонија и Црна Гора сакаат да следат чекорите на Албанија и Хрватска, кои се приклучија кон НАТО во 2009 година.
Русија е против какво и да е проширување на НАТО кон поранешните комунистички држави во Источна и Југоисточна Европа, што е дел од борбата за геостратешки влијание од времето по крајот на Студената војна, што лежи во основата на конфликтот во екс советска Украина.
Слично
