Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полска фирма сака да воведе електронска наплата на патарините

Полска фирма сака да воведе електронска наплата на патарините
Искуство, референци и специјализиран персонал во областа на патната телематика поседува Полската фирма ПТИ која преку бизнис партнерот Тексел сака да учествува во изведба и реализација на инвестиција за изградба на системот за електронска наплата на патарини во Македонија. Поради сличноста на македонската и полската патна мрежа компаниите на презентацијата, што ја организира Амбасадата на Полска во Македонија, предлагаат инвестицијата да се реализира со DSRC систем, според проверена шема што е веќе спроведена во Полска. Нудат две можности за нивен ангажман, преку договор со Владата за приватно-јавно партнерство или да ги изведат работите на база на outsourcing, исто така со потпишување договор. Тие гарантираат дека воведувањето на системот за електронска наплата на патарини значително ќе ги зголеми приходите во државниот буџет по основ на патарини Исто така сметаат дека особено внимателно да се определи патната мрежа, која ќе подлежи на надомест, потенцијалниот број на корисници на системот, да се спроведат законски измени и да се приспособи правната регулатива за воведување наплата на давачки. Во случај Тексел да ја добијат работата, имаат намера најмалку 50 проценти од работите поврзани со примена и воведување на главниот систем и дополнителните технички елементи да ги дадат за реализација на македонски фирми.
Слично

Поврзани вести