Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина просечна плата за учениците што ќе освојат награда на меѓународен натпревар!

Половина просечна плата за учениците што ќе освојат награда на меѓународен натпревар!
Министерството за образование и наука ќе ги наградува основците и средношколците кои на реномиран меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки освоиле прво, второ или трето место. Предлог-законите за основното и средното образование, се носат по скратена постапка. „Министерството, за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, на ученикот му доделува парична награда во износ до 50 % од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата, пишува во предложеното законско решение на министерството за образование. Во предлог –законите е појаснето дека за меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави. „За наградите ќе биде распишан повик еднаш во годината“, е наведено во предложеното законско решение. Нејасно е дали награди ќе има за сите кои ќе осовојат прво, второ или трето место на натперавар по математика и природни науки или пак само за оние кои ќе бидат одбрани на конкурс. Парите за наградите ќе бидат обезбедени од буџетот на државата, но во објаснувањето на предлог-законот нема предвидено за колкава сума се работи. Ќе се наградуваат и најдобрите средношколци во земјава Дополнително, парична награда ќе има и за најдобриот ученик во средните училишта.  Во предло-законот е предвидено дека Министерството за наука и образование заедно со Центарот за стручно образование и обука, може да организира избор за најдобар ученик во струката од завршните години на образованието во стручното образование. „На ученикот кој е избран за најдобар ученик во струката од завршните години  на образованието во стручното образование, Министерството му доделува парична награда во износ до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.  Начинот на избор за најдобар ученик во струката од завршните години  на образованието во стручното образование го утврдува министерот, на предлог на Центарот за стручно образование и обука,“се објаснува во предлог –законот за основно образование
Слично

Поврзани вести