Половина од слободните работни места се во Скопскиот регион
Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека во Македонија има вкупно 6 747 слободни работни места.
Според регионите во Скопскиот има 3.270 слободни работни места, па по нив југиозападниот регион и југоисточниот регион. Најмалку слободни работни места има во североисточниот регион.
Најмногу се бараат работници во преработувачката индустрија над 2000, па во секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила,објекти за сместување и сервисни дејности со храна, транспорт и складирање.
Најмногу работници бараат помалите компании со 3 до 9 вработени.
Инаку, слободните работни места во вториот квартал од годинава се зголемиле за 4,9 отсто, за разлика од истиот период лани.
Слично
