Економија, финансии, бизнис

Контакт

Половина час пред полноќ ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи до ДИК

Половина час пред полноќ ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи до ДИК

И официјално партијата на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ пред истекот на рокот поднесе кандидатски листи за пратеници до ДИК.

Листата беше поднесена половина час пред полноќ а честа да ја поднесе листата како што и самиот кажа ја имаше претседателот на Унијата на млади сили Владимир Неловски. Листата содржи 123 предлог кандидати за 6 изборни единици, од 49 се жени, 74 мажи.

Очекувано Груевски е носител на листата во првата изборна единица, а, министерот за надворешни работи, Никола Попоски во втората изборна единица.

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски ќе ја предводи третата изборна единица, а министерот за здравство, Никола Тодоров во четвртата е носител. Антонио Милошовски е носител на кандидатска листа во петтата, а во шестата  носител е пратеникот, Влатко Ѓорчев.

На листата ги нема аболицираните екс министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиевски како и министерот за финансии Зоран Ставрески.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FJxLZYB_Z44[/embed]
Слично

Поврзани вести