ПОЛНЕТЕ РЕЗЕРВОАРИТЕ: Нов скок на цената на нафтените деривати
Од ноќеска на полноќ возачите ќе точат горива по нови цени.
Оваа одлука доаѓа од Регулаторната комисија за енергетика која реши во следните две недели бензините и дизелот да се точат по цени повисоки за еден денар.
Имено oд утре Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 67,50 ден/лит а литар Еуросупер БС-98 ќе чини 69,50 ден.
Поскапува и Еуродизелот чија цена ќе биде 60,50 ден/лит.
Регулаторна реши да ги зголеми цените и на ектралесното масло за домаќинство кое ќе чини 49,00 ден/лит а за половина денар поскапува и мазутот.
Од РКЕ како причина за новите цени на нафтените деривати ги посочуваат растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите две недели за 4,54% како и нискиот курс на доларот спрема денарот за 1,44%.
