Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛНЕТЕ ГИ РЕЗЕРВОАРИТЕ: Поскапуваат и бензините и дизелот

ПОЛНЕТЕ ГИ РЕЗЕРВОАРИТЕ: Поскапуваат и бензините и дизелот

Регулаторната комисија донесе одлука со која од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати, односно и бензините и дизелот.

Бензините поскапуваат за два денари.

Тоа значи дека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по 62,00 ден/лит, Еуросупер БС-98 за 64 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. 

Нафтата поскапува за денар и половина.

Од ноќеска ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.11.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит.

Овие цени ќе важат во следните две недели.

Слично

Поврзани вести