Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Полначите“ на вода со идентичен профит лани - Некој доби, некој изгуби но, прагот не го надминаа

„Полначите“ на вода со идентичен профит лани - Некој доби, некој изгуби но, прагот не го надминаа

Откако извршивме подетална анализа на пазарот на флаширана вода од поголемите брендови со нивните приходи, расходи и добивки за минатата година, сега ќе се фокусираме само на чистите профити кои Кожувачанка, Пелистерка, Кодинг и Магрони ги реализирале за 12 месеци од претходната година споредено со 2015-та. 

Од достапните бројки може да се забележи дека Кожувчанка и Пелистерка и натаму генерираат доста солидни годишни добивки, но нивниот пазарен удел претрепел пад во 2016 ако се спореди со годината претходно. 

Така Кожувчанка има за за околу 73 илјади евра помала добивка лани, додека пак Пелистерка бележи најголем пад на добивката. Профитот на Пелистерка за 2016 е „посув“ за 162 илјади евра.

На пазарот пак, најголем напредок имаат компаниите Кодинг со речиси тројно зголемување на профитот во една година и Магрони со двојно зголемување на добивката за 2016 споредено со 2015 година.

Кодинг кој го поседува брендот Горска како и други безалкохолни пијалоци има најголем напредок и стигнал до солидна добивка од речиси 190 илјади евра.

Магрони кои ги полнат Ладна и Добра вода исто така напредуваат на пазарот и оствариле добивка во вредност од 192 илјади евра.

Кожувчанка од овие четири бренда и натаму е предводник на пазарот со 413 илјади евра заработка, а следува Пелистерка со 249 илјади евра.

Самиот сектор не бележи големи промени ако се пресметаат вкупните профити за 2015 и 2016 година бидејќи со падот на едните, а растот на другите повторно вкупниот профит на овие четири компании изнесува околу 1 милион евра што покажува дека не се генерирани дополнителни продажби или можеби толкав е пазарниот лимит на самите купувачи. 

Автор: Христијан Станоевиќ


Слично

Поврзани вести