Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Уапсени повеќе професори меѓу нив и Шуклев?

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Уапсени повеќе професори меѓу нив и Шуклев?

Полициски извори за Телма потврдиле дека професорот на Економскиот факултет и долгогодишен декан на истиот, Бобек Шуклев, бил лишен денеска од слобода на своето работно место на Економскиот факултет при УКИМ.

Репортерот на таа телевизија јавува дека има зголемено полициско присуство во близината на факултетот а полицајците го пребарале и возилото на професорот Шуклев.

Прес24 пак пишува дека вкупно осум лица се осомничени во акцијата која МВР ја води под кодното име „Ерзмус“ и која од утрово се одвивала на Економскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, а се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.

Според првичните и се уште неофицијални информации, шестмина од осомничените се професори кои биле вработени на факултетот, а две лица се водат како помагачи. Како што веќе објавија, до овој момент приведено е само едно лице. Станува збор за познатиот професор Бобек Шуклев. По останатите 7 лица полицијата се уште трага.

Според првичните и се уште непотврдени информации, меѓу лицата по кои се трага се наоѓа и еден високо позициониран член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) кој инаку е професор на економскиот факултет.

Слично

Поврзани вести