Полициска акција во Охрид: Приведен директорот и двајца соработници
Охридскиоте медиуми соопштуваат дека Јавното обвинителство започнало истрага за три лица вработени во ЈЗУ Здравствен дом Охрид кои ја оштетиле институцијата за 7.5 милиони денари.
Трите лица се товарат дека во периодот 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“.
Од страна на Управата за финансиска полиција, извршена е контрола на благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид при што се обезбедени контролни извештаи за вкупниот годишен промет од фискалните каси на Здравствениот Дом за период од 01.01.2010 до 31.12.2014 година. По извршените споредби на реализираниот промет од фискалните каси со уплатените парични средства во благајната како и уплатените парични средства на банкарската сметка на Здравствениот Дом Охрид, констатирано е дека прометот извршен преку фискалниот апарат редовно се предава во благајната, но така извршениот промет и предадените парични средства наплатени од пациентите, од страна на второпријавениот во целост не биле уплатувани на банкарската сметка на Здравствениот Дом Охрид, пренесува Охрид њуз.
