Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полициска акција во Арачиново и Липково-Што е причината?

Полициска акција во Арачиново и Липково-Што е причината?

Повеќе медиуми објавија дека во Арачиново и во делот од општина Липково во тек има повеќе полициски блокади и во тек е полициска акција. Од МВР за Телма потврдиле дека има полициска акција во рамките на редовните активности на МВР, јавува Телма.

Потврдуваат дека има блокада на влезот во Арачиново, но најавија дека детали за акцијата ќе бидат соопштени утре. Нема детали дали специјалците кои се на терен во Липковско-арачиновскиот крај се во акција против вооружена група или пак станува збор за спроведување на активности против криминална група.

Од МВР само кратко одговараат дека ситуацијата е под контрола.

Според информации на Телма покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар.

Безбедносни извори за Телма тврдат дека на терен во липковско има само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Од МВР претходно потврдија дека има повеќе блокади кај селата Арачиново, како и контроли во близина на повеќе села во липковско. Вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група, тврдат безбедносни извори за Телма. Претходно повеќе медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље. Од МВР ги негираа овие шпекулации пишува Телма. Извор: Телма
Слично

Поврзани вести