Полицијата ќе може да користи гумени куршуми
Парламентарците денеска ги изгласаа измените во Законот за полиција, со кој полицијата ќе може да користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби за онеспособување на насилни демонстранти.
Со новите измени на законот на полицијата ѝ се дозволува да врши видео надзор при постапките со граѓаните, а снимките би ги користела ако граѓаните се пожалат дека полицијата незаконски постапила кон нив.
Инаку, досега на полицијата ѝ беше дозволена употреба на сила со користење на палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња за воспоставување ред и мир.
Слично
