Полицијата истражува кој ја пушти на Јутјуб снимката со гатачката
Полицијата истражува кој ја објави на каналот Јутјуб снимката со гатачката и поранешниот премиер, Никола Груевски.
Секторот за компјутерски криминал и јавното обвинителство отпочнале постапка за утврдување на идентитетот на корисникот кој ги објавил аудио-снимките од разговорот меѓу Груевски и извесната „Кети“ гатачката за која во медиумите се појавија информации дека е вработена во Царинска управа.
Министерстовото за внатрешни работи бара Јутјуб да ги тргне снимките и да открие кој ги објавил. Снимките уште се на интернет и не се тргнати, а досега имаат над 150.000 прегледи.
Во снимките кои беа објавени се слуша како гатачката го советува Груевски за важни прашања и политички потези.
Слично
