Полицијата го блокира патот, протестот и контрапротестот во тек
Делот меѓу канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието е блокиран од полицијата.
По улиците на Скопје во тек се протестите за подддршка на СЈО и против одлуката за аболиција на Иванов, а пред Собранието се одржува контрапротест затоа што се аболицирани лидерот на СДСМ, Зоран Заев и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.
Стотиците граѓани извикуваат погрдни зборови за политичарите и функционерите кои ќе бидат помилувани. Демонстрантите повторно фрлаа јајца кон канцеларијата на Иванов и ги кршат стаклата на канцеларијата.
Граѓаните бараат да се врати владеење на правото во земјата и сметаат дека не е во ред политичарите да бидат аболицирани само затоа што се политичари.
Слично
