Полицијата фати 17 мигранти, шверцерите побегнале
Полицијата вчера пронајде 17 мигранти, а нивните шверцери побегнале.
На мaгистрaлниoт пaт Струмицa – Рaдoвиш, околу 2.30 часот по полноќ, полицајци зaбeлeжaле три вoзилa кoи сe движeлe брзо, по што тргнале по нив. Две од вoзилaта побегнале и возачот на третото возило. Возилото „опeл синтрa”, со скопски регистарски ознаки, било пронајдено и во него имало 17 мигранти.
Тие се приведени во Полициската станица Струмица и по извршениот разговор, по наредба на јавен обвинител , тројца мигранти се предадени во Прифатниот центар во Скопје, а другите 14 мигранти се однесени во Транзитниот центар во Гевгелија.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и на останатите две возила.
Слично
