Економија, финансии, бизнис

Контакт

Полиција упадна во канцелариите на критичките медиуми кон власта во Турција

Полиција упадна во канцелариите на критичките медиуми кон власта во Турција

Полицијата упаднала во редакциите на телевизиите „Бугтон“ и „Канал Турк“, како и во весникот „Миллет“ во Турција.

До акцијата дошло по одлука на судот во Анкара против една од најголемите турски корпорации блиска до милијардерот Фетхулах Гулен. Тој води политичка и медиумска битка со силите блиски до Ердоган, од САД.

Полицијата пристигнала во централата на телевизиите на медиумската група рано наутро, околу 4:30 часот без да покажат судска наредба. Пратеникот на опозициската Републиканска народна партија Махмут Тана повеќепати ги предупредил полицајците дека го кршат Уставот и законите на земјата и побарал од командирот да покаже пресуда за своите постапки.

Околу 7:00 часот наутро полицајците успеале да влезат во главната контролна сала на медиумската групација и да го спречи емитувањето на телевизиски сигнал. Полицијата, исто така, го блокирала и влезот на зградата, со што тој бил затворен за вработените да влезат внатре. Репортер на телевизија „Бугтон“ бил уапсен. Има информации дека пратеникот Махмут Тана бил удрен од полицијата.

Слично

Поврзани вести