Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИКАТА ЈА КОЧИ И ЕКОНОМИЈАТА: Се топи оптимизмот за економски раст!

ПОЛИТИКАТА ЈА КОЧИ И ЕКОНОМИЈАТА: Се топи оптимизмот за економски раст!

Врз економскиот раст повеќе од очигледно, негативно влијае политичката криза чие одвивање засега е неизвесно

Проекциите кои Народната банка и гувернерот Богов ги проценија на 4,1 процент економски раст за годинава засега се песимистички.

Гувернерот Богов информираше дека најверојатно априлските проекции за растот нема да се остварат и економскиот раст ќе биде понизок од 4,1 процент.

Според неговите изјави за две недели ќе се знаат новите проекции и новите очекувања на НБРМ за  економскиот раст во оваа, а и за наредната година.

Богов е дел од  Првиот регионален форум на Источна Европаи Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје и оттаму порача дека  на економските агенти им е потребна извесност и стабилно окружување за работење.

Акдемици и експерти од економијата за економскиот раст предвидуваа:

И целосниот извештај на СТАНДАРД И ПУРС укажуваше дека  Економијата бавно ќе напредува, долгот ќе расте!

Долгот на општата Влада ќе расте, а економскиот раст до година ќе се намали. Според новата оценка на кредитната агенција “Стандард и Пурс“, годинава ќе заврши со економски раст од 3,3% додека до година тој ќе се позиционира на 3,5%. Во однос на долговите, кредитна агенција предвидува раст, така за годинава долгот на општата Влада ќе изнесува 42,1% додека до година ќе надмине 43,3%. Кредитната агенција го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-/Б со стабилен изглед. Но во обемната оценка, “Сандард и Пурс“ ја анализираат не само економската туку и политичката состојба во земјва. “Оценките за Македонија го одразуваат нашиот поглед на релативно ниските приходи и нивото на богатство, со што очекуваме дека БДП по глава на жител ќе изнесува 4 300 долари во 2015 та година, слабата контрола и равнотежа помеѓу политичките институции и ограничената флексибилност на монетарната политика. Оценките се подржани од страна на умерениот, иако растечки, надворешен и јавен долг“. Долговите ќе растат … Отстапување од  планираното ниво на фискален дефицит и натамошен раст на договите предвидува кредитната агенција во периодот што следува. “Општиот владин фискален дефицит беше ревидиран нагоре до 4% од БДП во однос на почетната  цел на Владата, четврта година по ред во 2014 та година. Во 2013 та година дефицитот најмногу беше поттикнат поради отплата на доспеани а неплатени долгови, во 2014 та година пак високите предизборни трошоци и вложувања во инфраструктурата во голема мера беа причина за отстапувања. Цениме дека општиот владин дефицит ќе изнесува 3,6% од БДП во 2015 та година, а стеснување од 3% се очекува во 2018 та, што е посопоро во однос на она што го предвиде Владата. Разликата произлегува од нашите помали очекувања за реален раст на БДП како и неодмнешната владина историја за недостаток на фискланите цели“

Професорот Крсте Шајноски во колумна за нашиот портал вели Фокусирани на пропагандата, заборавија дека инвестициите треба да донесат раст:

Нема ден, а да не бидам „фрапиран“ од резултатите кои ги постигнуваат преродбенците или можеби попрецизно кажано од начинот на кој го презентираат и толкуваат оствареното. Имено, премиерот мошне сериозно и натаму не „убедува“ дека стапката на раст од 2,6% на БДП во првото полугодие од годинава  е успех, иако пред само некое време тој  проектираше 4%. И замислете, тоа ти бил десетти највисок раст во Европа, а заборава дека пред само неколку месеци се фалеше дека Македонија во првото тримесечие од годинава остварува, како втора во Европа, највисок раст од 3,2% на БДП. Во желбата да се пофали дури  превиде  дека со рангирањето  како „десетта“, самиот тој  признава дека осум земји веќе не „претркале“ и дека Македонија го губи темпото на раст. Сето тоа  не е битно. Важно е да има „раст“ и „висок ранг“ и дека „тој“ очекува растот да се зголеми во наредниот период.  А што не се зголемува, кој памти? Останува ветувањето дека натаму ќе биде подобро. - Целата колумна е тука.

Беџети: Не може да се очекува понизок економски раст, а повисок буџет

Неколку пати се изјаснуваме за ова предвидување дали е можно грчко сценарио. Секако дека на краток рок и среден рок не може да се очекува такво нешто, но дека се движиме во тој правец апсолутно така е, бидејќи ние во последните 3-4 години имаме тенденција, интензитетот на растот е многу изразен, особено сега се очекува во овој последен политички момент и веројатно тука ќе се прават напори од многу аспекти и политички мотивирани за да се напумпа тој долг за евентуално при промена на власта идната влада да се блокира.

Слично

Поврзани вести