Политика пред економија:Зошто пропаѓаат обидите за соработка на земјите од поранешна Југославија?
Последниве неколку години беа иницирани голем број обиди да се врати економската соработка меѓу земјите од поранешна Југославија, но без резултат, пишува Танјуг.
Според весникот „Независне новине,“ проекти, планови и идеи за создавање на заеднички компании, а со цел поголем профит, во последните четири години се нижеа еден по друг, за на крај сите да завршат како „мртво слово на хартија хартија ".
Последната идеја во серијата иницијативи за регионална соработка треба да спои пет туристички организации од Балканот со цел формирање на заедничка Асоцијација на Југоисточна Европа, која треба да биде формирана за нејзините членки да привлечат што голем број туристи од Истокот.
Заедничката Асоцијација , според сегашните најави, треба да се формира од туристичките организации во Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Македонија, а првиот протокол за соработка на шесте земји се очекува да биде потпишан овој месец од Белград, на саемот за туризам.
Формирање заедничка железница, авиокомпанија, лото...
Весникот потсетува дека првиот заеднички проект меѓу земјите од поранешна Југославија беше воспоставувањето на заедничка компанија за товарен железнички сообраќај наречена „Карго 10". Проектот, кој датира од октомври 2010 година, предвидуваше компанијата „Кaрго10" да биде создадена од железничките претпријатија од Србија, Хрватска и Словенија, и потпа со својата инфраструктура да се вклучи и македонската железница.
Сепак, помпезно најавуваниот проект не успеа да се заживее,а веќе една година по почетокот на работите за создавање на новата компанија „Карго 10", наместо да тргнат возовите, проектот пропадна.
Следниот голем проект пишува „Независне новине,“беше формирањето заедничка авиокомпанија на земјите од поранешна Југославија. Првите луѓе на „Кроација Ерлајнс“, „Монтенегро ерлајнс“,„Адриа Ерлајнс“ и ЈАТ се обидуваа да ги обединат четирите национални во еден регионален авиопревозник. И овој пат, преговорите беа отворени со многу ентузијазам, но конечното НЕ за создавање регионална авиокомпанија беше кажано во мај минатата година во Црна Гора.
Во меѓувреме, помеѓу овие обиди за регионализација на компаниите пропадна и обидот на лотариите од земјите од поранешна Југославија лотарија да им понудат на своите граѓани да пополнуваат исто лото ливче и да играат за премија што беше првично требаше да изнесува 2 милиони евра.
Дури и најпознатата водителна на лотаријата од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ изрази желба повторно да го води лотото, но ми тоа не помогна за конечна реализација на планот.
Економскиот аналитичар Зоран Павловиќ смета дека една од причините зошто регионална конекција не почна да функционираат е постоењето на политички антагонизам од претходниот период од постоењето на заедничката држава.
„Критичен елемент беше тој што сеуште е тешко поради политичките случувања да се разговара за економски прашања. Економски проекти требаше да добијат политичка поддршка во регионот, но тоа не се случи“, вели Павловиќ.

Слично