Економија, финансии, бизнис

Контакт

Политика на „отворени врати“ и условна покана за Македонија од НАТО

Политика на „отворени врати“ и условна покана за Македонија од НАТО

Потврдена е условената покана и повторена политиката на „отворени врати“ на Алијансата од Самитот во Букурешт за Македонија од страна на Министреите за за надворешни работои на земјите-членки на НАТО, пренесува МИА.

„Ја повторуваме цврстата посветеност на НАТО на евроатлантските интеграции на БЈР Македонија. Ние го цениме нејзиниот непоколеблив придонес за нашите операции и нејзината долгогодишна посветеност на процесот на пристапување во НАТО.

Ние ја потврдуваме нашата одлука донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а повторена на последователните самити, дека НАТО ќе испрати покана на БЈР Македонија веднаш штом ќе се постигне заеднички прифатливо решение за прашањето за името во рамките на Обединетите нации. Ние продолжуваме да ги интензивираме своите напори кон таа цел, се наведува во декларацијата на НАТО-министреите, во делот за Македонија.
Како што пишува агенцијата во заклучоците од денешниот состанок е потврдена посветеноста на политиката на отворени врати согласно членот 10 од Вашингтонскиот договор, како што неодамна е поставено од страна на шефовите на државите и владите на земјите-членки на Самитот во Велс.

Слично

Поврзани вести