Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОЛИТИКА ИМА, ПАРИ НЕМА: Половина држава на работ на сиромаштија!

ПОЛИТИКА ИМА, ПАРИ НЕМА: Половина држава на работ на сиромаштија!

Откако излезе најновиот извештај за сиромаштија во кој над 43 отсто од населението е погодено, граѓаните со право се прашуваат. Работат ли нешто политичарите?

Во последниот соопштен извештај на Светска банка се порачува Македонија да се сконцентрира на внатрешно-политичките превирања и истите да ги надмине бидејќи претставуваат ризик фактор за одлуките за инвестирање и намалување на економската активност.

Во извештајот на банката се нотира дека Македонија мора да се насочи кон намалување на сиромаштијата и невработеноста и да се приближува до стандардите на живот на ЕУ.

Инаку, речиси половина од граѓаните во државата се соочуваат со сиромаштија. Во 2014 година, 43,2% од населението било подложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Овој податок стои во публикацијата „Одржлив развој“ на Државниот завод за статистика. Податоците говорат дека стапката на сиромаштија била поголема кај мажите и тоа 22,3%. Младите луѓе до 18 години имале поголем ризик од сиромаштија  или 29 %. Сиромаштијата помалку ги погодува луѓето на возраст над 65 години, кои генерално живеат од пензии и од социјални трансфери.
Слично

Поврзани вести